Дома Топ вести Клоп спрема трансфер удар – носи нов Бразилец на „Енфилд“

Клоп спрема трансфер удар – носи нов Бразилец на „Енфилд“

Ливерпул е во добра позиција да избори пласман во Лигата на шампиони следната сезона, а доколку се случи тоа нема сомнеж дека ќе мораат значително да го засилат тимот.

Иако „црвените“ се еден од најефикасните тимови во лигата, сепак нивната игра многу зависи од Мане и Кутињо, па Клоп сака да донесе уште еден врвен фудбалер на офанзивните позиции.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Аглиските медиуми пренесуваат дека прва желба е бразилскиот репрезентативец Лукас Моура, кој ова лето ќе го напушти Пари Сент Жермен.

Овој 24-годишен крилен напаѓач одлучно би се вклопил во филозофијата на Клоп, а медиумите тврдат дека „црвените“ за неговиот потпис се спремни да платат 45 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…