Дома Фудбал Англија Клоп со јасна порака: Не може да се помине туку така, ако ги прекршиле правилата мора да бидат казнети

Клоп со јасна порака: Не може да се помине туку така, ако ги прекршиле правилата мора да бидат казнети

Стратегот на Ливерпул ги повика наделжните органи да превземат нешто.

Јирген Клоп е голем поддржувач на финансискиот фер плеј и сега тврди дека ако клубовите се виновни треба да бидат казнети.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Не знам, само прочитав набрзина и според она што го слушнав, некој мора да направи нешто, ако навистина се виновни. Не може да помина само туку така“, изјави Клоп кој секако алудираше на Манчестер Сити и ПСЖ.

Ливерпул потроши многу пари, но остана во границите на ФФП.

„Не се работи тука за тоа, сигурно дека имаме повеќе пари од Хадерсфилд, но тука зборуваме за ншето друго – за непочитување на правилата“, додаде Германецот.

Потоа ги прокоментира и амбиции на клубот.

„Нема тука многу филозофија, ако не ја освоиме титулата сезона ќе биде неуспешна“, потенцираше стратегот на „црвените“.
Ливерпул на шампионска титула во Премиер лигата чека од 1990 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Немања Матиќ повторно се врати во Серија А – познато чиј дрес ќе го носи!

Српскиот играч од средниот ред, Немања Матиќ, брзо најде нов клуб откако ја прекина сорабо…