Јирген Клоп после пласманот на Ливерпул во четвртфиналето од Лига Купот јавно порача дека може да се откаже од тоа натпреварување ако луѓето во англискиот фудбал не му излезат во клубот и го променат распоредот.
Сега Германецот на прес-конференцијата пред натпреварот за викендот одново зборуваше на таа тема и во таа прилика испрати порака до одговорните во УЕФА.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Точно е зборуваме за тоа затоа што мораме. Ако играме Лига Куп додека сме во Катар тоа би морале да го направиме со два различни тима, а не можеме да оставиме играчи во Англија да играат Лига куп бидејќи во исто време во Катар имаме два натпревари во краток временски период. Не можеме во Катар да отидеме со 11 играчи, не оди тоа туку така“.
„Сите знаеме за пренатрупаниот распоред, но никој не сака да зборува за тоа и што се случува тогаш? УЕФА ја измислува Лигата на Нации за на тој пренатрупан распоред да додаде уште натпревари. Мислам дека одговорните треба да почнат повеќе да мислат на играчите отколку на своите џебови“, изјави Клоп.