Дома Фудбал Англија Клоп проговори за својата иднина на „Енфилд“

Клоп проговори за својата иднина на „Енфилд“

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не брза да прави долгорочни планици како кормилар на „црвените“.

Клоп има договор со Ливерпул до 2022 година, а фановите оваа сезона конечно мечтаат за освојување на еден голем трофеј.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Дали би останал и после 2022 година? Не сакам да мислам толку далеку. Во моментов се е ОК, но се уште сум тренер кој не освоил ништо со Ливерпул“, истакна Клоп.

„Не сакам да мислам за нешто толку далеку во иднината. Ако оваа сезона освоиме трофеј, многумина ќе кажат дека најдобро за мене е да си одам уште следното лето, бидејќи повеќе нема да освоиме тритули. Доколку не освоиме трофеј, повторно луѓето ќе велат дека треба да си одам“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сандерленд се засили со играч на ПСЖ

Сандерленд го донесе Норди Мукиееле од Пари Сен Жермен, соопштуваат од англискиот клуб. До…