Дома Топ вести Клоп прави „тандем од соништата“, тргнува по Серхио Рамос

Клоп прави „тандем од соништата“, тргнува по Серхио Рамос

Серхио Рамос е во последната година од неговиот договор со Реал Мадрид, а засега не е познато дали ќе ја продолжи соработката со „кралскиот“ клуб.

Преговорите започнаа, но не одат во вистинска насока, бидејќи претседателот Флорентино Перез сака да му понуди само едногодишен договор.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Медиумите на Островот пренесуваат дека Ливерпул е последниот клуб кој се вклучил во трката за потписот на Серхио Рамос.

Клоп е во потрага по централен дефанзивец кој ќе му биде партнер на Ван Дајк и сака да направи „тандем од соништата“. Ливерпул е спремен да му понуди две годишен договор на Шпанецот, но конкуренцијата е голема.

Рамос би сакал кариерата да ја продолжи во Премиер лигата, но покрај Ливерпул интерес за него покажуваат и клубовите од Манчестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …