Дома Фудбал Англија Клоп по елиминацијата: Овој пораз е лесно да се објасни

Клоп по елиминацијата: Овој пораз е лесно да се објасни

Челзи вчера го надигра и го победи Ливерпул со 2:0 и на тој начин се избори за четвртфинале во ФА Купот.

За Ливерпул и Клоп сега е сигурно дека ќе нема тројна круна. Ова е втор пораз во низа за „црвените“ откако во минатото коло Вотфорд убедливо ги победи со 3:0 во Премиер лигата. Изгуби Ливерпул и од Атлетико во осминафиналето од Лигата на шампионите, па јасно е дека тимот не се наоѓа баш во добар период.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Клоп после натпреварот се обиде да го објасни поразот.

„Изгубивме 2:0. Овој пораз е лесно да се објасни – две големи грешки. Адриан имаше фантастична одбрана, неколку секунди подоцна ја изгубивме топката и примивме гол. Не е ова најголем шок. Двете екипи играа добро и ние имавме некои добри шанси“, изјави Клоп по поразот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн го обнови интересот кон Нкунку

Баерн Минхен го обнови интересот кон Кристофер Нкунку од Челси, пренесуваат германските ме…