Дома Фудбал Клоп порача дека „Камп Ноу“ е обично игралиште, а сега се огласи Барселона (ФОТО)

Клоп порача дека „Камп Ноу“ е обично игралиште, а сега се огласи Барселона (ФОТО)

Барселона и Ливерпул утре на „Камп Ноу“ го играат првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите.

За многу љубители на фудбалот ова ќе биде финале пред финале и многумина сметаат дека Лигата на шампионите ќе ја освои оној кој ќе излезе како победник од овој спектакуларен натпревар.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Првиот натпревар помеѓу Барселона и Ливерпул се игра утре на „Камп Ноу“ од 21:00 часот и сигурно дека фудбалските фанови со нетрпение го очекуваат почетокот на овој натпревар.

Во текот на вчерашниот ден голема прашина помеѓу навивачите на Барселона предизвика тренерот на англискиот клуб Јирген Клоп кој не е воодушевен од стадионот на Барселона. Клоп порача дека за него „Камп Ноу“ е обично игралиште.

Меѓутоа од Барселона изгледа не можеа да поминат баш преку тоа и одлучија да се огласат на друштвените мрежи.

„Наша куќа. Наш храм. Наш тврдина“, порачаа од Барселона со фотографија од „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо добива “шут карта”, но нема да се откаже од богатството

Тренерот на фудбалерите на Фенербахче Жозе Мурињо лесно би можел да го напушти овој клуб о…