Дома Фудбал Англија Клоп откри зошто Ливерпул не трошеше летово

Клоп откри зошто Ливерпул не трошеше летово

Ливерпул ова лето не беше многу активен на трансфер пазарот, а сега Јирген Клоп ја откри причината.

„Црвените“ го донесоа Ибрахима Конате од Лајпциг на почетокот на летото, а потоа се насочи кон продолжување на договорите на клучните фудбалери.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Сите гледаат во списокот од минатата сезона каде имавме многу повредени играчи. Играчите се опоравија и сега имаме 25 играчи подготвени да ги исполниме барањата на тренинзите и на теренот,, истакна Клоп.

„Вративме неколку играчи од позајмица што се покажа како одличен потег. Се договоривме за Конате порано, како поддршка на Ван Дијк и Матип кои се опоравуваа од повредите. Немаше потреба да се купуваат играчи, нашиот медицински тим направи одлично работа“,  додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лајпциг ги поставил условите: Еве што треба да исполни Наполи за да го добие Елмас

Наполи веќе ја достави својата официјална понуда до Лајпциг за ангажман на македонскиот ре…