Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп одби да зборува за иднината на Филипе Кутињо пред дербито со Евертон.
Во последно време повторно се засилија шпекулациите за евентуален трансфер на Кутињо во Барселона, но Клоп тврди дека нема никаков повод да мисли за разделба во јануари.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Немам причина да мислам за такво нешто. Никогаш не зборуваме за трансфери. Што и да кажам, вие нема да престанете со вашите прашања, па поради тоа не сакам да одговорам. Тоа би било само губење време“, истакна Клоп.
„Нема што да се каже во моментов. Никој не ми соопштил дека Кутињо ќе замине во јануари. За мене ситуацијата е во ред. Зборувавме за тоа цело лето, немам желба да го правиме тоа пак“, заклучи Германецот.