Ибрахимовиќ вчера потврди дека неговата авантура во ЛА Галакси завршува и во јануари ќе се пресели во нов клуб.
Договорот на Ибрахимовиќ со Галакси истекува на крајот на наредниот месец и во јануари ќе биде слободен во изборот на новата средина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Очекувањата се Ибрахимовиќ да се врати во Европа бидејќи и понатаму верува дека е спремен да игра на највисоко ниво. Се шпекулира дека ќе ја избере Серија А.
За ситуацијата на Ибрахимовиќ денес зборуваше и тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
„Да не играше за Манчестер Јунајтед можеби ќе го доведевме. Не сум ни сигурен дали тој би сакал да дојде кај нас затоа што ова е прилично силен тим. Го респектирам Златан, голема кариера. Одличен човек е и се надевам дека ќе игра уште неколку години“, изјави Клоп.