Ливерпул вечерва ќе го игра полуфиналето на Светското клупско првенство против мексиканскиот клуб Монтереј.
Европскиот шампион ќе бара можност да стигне до финалето со надеж дека ќе освои нов трофеј, а ова натпреварување Клоп го свати сериозно и ќе го стави на располагање најсилниот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во пресрет на овој натпревар, Германецот одржа и прес-конференција на која пред новинарите призна пред дека не знае каде се наоѓа Мексико.
„Патем, дали Мексико е во Јужна Америка? Средна Америка или Јужна Америка?“ – Клоп низ смеа го праша новинарот.
После одговорот на новинарот, тренерот на Ливерпул објасни дека сепак ја посетил оваа држава додека бил на одмор.
“Бев таму летово. Прв пат бев во Мексико и беше одлично. Бев во Тулум и можам да ви го препорачам местото. Навистина е прекрасно” – додаде Клоп.