Дома Фудбал Англија Клоп најави силен тим против Челзи, но откри само едно име!

Клоп најави силен тим против Челзи, но откри само едно име!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп најави дека ќе изведе силен тим во Лига купот против Челзи, но откри само едно име од стартниот тим.

Станува збор за резервниот голман Симон Мињоле, кој после долго време утре конечно ќе се најде меѓу стативите во првиот тим.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Мињоле ќе го почне дуелот и тоа е единствениот сигурен играч кого можам да го потврдам. За сите други играчи ќе решам утре. Составот ќе биде силен. Симон можеше да замине во било кој друг клуб каде ќе беше прв голман, затоа вреди да стартува. Нема да објавам колку измени ќе направам, но сигурно тимот ќе биде доволно силен“, изјави Клоп.

Клоп за утрешниот дуел во Лига купот ќе може да смета и на Дејан Ловрен и Доминик Соланки, кои се рехабилитираа од повредите.

„Треба комплетно да го избришеме мечот во сабота, иако знаеме дека повторно ќе играме против Челзи. Станува збор за две различни натпреварувања. Сега мислиме само на Лига купот, натпреварување кое многу ми се допаѓа“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Деко веќе започна преговори за првото летно засилување на Барселона!

Барселона сериозно ја разгледува иднината на Маркус Рашфорд, а најновите сигнали од Саудис…