Во минатата сезона Мохамед Салах беше најдобриот играч на Ливерпул и ги предводеше „црвените“ до финалето во Лигата на шампионите, но оваа сезона улогите се променија и Садио Мане во последно време е човекот кој најмногу придонесува за тимот на Клоп.
Сенегалскиот фудбалер на 11 последни натпревари постигна исто толку погодоци, додека Салах е без погодок на последните седум натпревари за Ливерпул.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Сега за формата на Салах и Мане зборуваше стратегот на Ливерпул, Германецот Јирген Клоп.
„Мане е во навистина одлична форма. За мене тоа не е изненаување, можам да кажам дека скоро секогаш тој играл вака, но сега дојде неговото вистинско време. Од друга страна се што Салах сега треба направи е да продолжи да работи, головите сигурно порано или подоцна повторно ќе дојдат“, изјави Клоп за медиумите.