Екипата на Ливерпул е на чекор од големо засилување.
Јирген Клоп одлучи, спремен е да плати 40 милиони фунти за трансфер на Алекс Окслејд-Чемберлејн.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бројни англиски медиуми тврдат дека Клоп спремил 100.000 фунти неделно за крилниот фудбалер. Чемберлејн за Арсенал одигра 194 натпревари и постигна 20 погодоци, од кога во 2011 година пристигна од Саутемптон.
Неговиот договор со Арсенал истекува наредното лето и судејќи според сегашната ситуација нема да дојде до продолжување на соработката, поради тоа зачудува фактот што Клоп е спремен да издвои 40 милиони.
Доколку навистина плати 40 милиони фунти, тоа ќе биде најскапото засилување во историјата на клубот, а во овој момент рекордот го држи Енди Керол кој беше платен 35 милиони евра.