Дома Фудбал Англија Клоп: Кога го гледам Сити се прашувам како може некој тим да има 20 бода предност

Клоп: Кога го гледам Сити се прашувам како може некој тим да има 20 бода предност

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп даде интересна изјава со која истовремено му даде комплимент, но и го „пецна“ својот најголем ривал Манчестер Сити.

Тимот на Клоп има 20 бода предност пред Манчестер Сити на табелата, а германскиот стратег се прашува како е тоа возможно.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Кога го гледав синоќа мечот на Манчестер Сити, единтсвеното нешто кое го помислив, е како е возможно некој тим да има 20 года предност пред нив? Сигурно сме направиле нешто специјално“, истакна Клоп.

„Не мислам на тоа дека Сити може да не стигне, мислам само на мечот со Кристал Палас. Мојата единствена грижа е како да победува мојот тим, а не другите. Го гледав мечот на Сити бидејќи играме со нив за девет дена, а не затоа што се надевав дека ќе загубат“, појасни Германецот.

Утре Ливерпул пред празни трибини на „Енфилд“ го дочекува Кристал Палас, а на „црвените“ им се потребни уште 5 бода за официјално да ја подигнат титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…