Дома Видео Клоп и Симеоне повторно не се поздравија – Германецот одговори: Не сум и jaс најголемиот поздравувач на планетата 🎥

Клоп и Симеоне повторно не се поздравија – Германецот одговори: Не сум и jaс најголемиот поздравувач на планетата 🎥

На „Ванда Метрополитано“ во претходниот натпревар кога Атлетико беше домаќин на Ливерпул Диего Симеоне побрза во соблекувалната и Клоп реагираше затоа што не е убаво што Аргентинецот не се поздравил по мечот.

Сега на „Енфилд“ сцената беше поинаква Симеоне беше на теренот, меѓутоа и тој, но и Клоп не тргна кон него, останаа да се поздравуваат со фудбалерите. На прес-конференцијата Клоп беше запрашан за оваа ситуација.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Немам проблем околу тоа. Знам дека Диего не сака да се поздравува, но и јас не сум најголемиот поздравувач на планетата. Таа ситуација не го менува моето мислење за него“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Винисиус откри детали од соблекувалната на Реал Мадрид: „Модриќ се лутеше секој пат кога…“

Фудбалската јавност ја заинтригираа зборовите кои ги изговори Винисиус Жуниор, сеќавајќи с…