Дома Фудбал Англија Клоп и сам уште не знае каде ќе игра новото засилување

Клоп и сам уште не знае каде ќе игра новото засилување

Јирген Клоп призна дека и самиот не е сигурен каде ќе игра најновото засилување на Ливерпул.

Такуми Минамино е првото засилување оваа зима, „црвените“ ја активираа неговата откупна клазула од Лајпциг за сума од 8.5 милиони евра.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Меѓутоа Германецот се уште не е сигурен каде ќе игра 24 годишниот фудбалер. Клоп е на слатки маки во офанзивниот дел.

„Како ќе го вклопиме за краток период? Долгорочно нема сомневање дека ќе ни биде од помош. Едвај чекам да почнам да работам со него. Засега не сум сигурен каде може најдобро да се вклопи. Се што знаеме е дека тоа се добри вести за него. Неговите фудбалски вештини се одлични. Кога ќе се придружи на тимот ќе размислуваме конкретно“, изјави Клоп.

Минамино во Салзбург постигна девет гола на 22 натпревари оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хрватите сакаат да се разликуваат: Само кај нив ВАР ќе има друго име!

Хрватскиот јазик доби нов збор кој ќе се користи како замена за ВАР. ВАР стана универзално…