Дома Фудбал Англија Клоп и Обамејанг најдобри во Премиер лигата

Клоп и Обамејанг најдобри во Премиер лигата

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп по втор пат по ред е избран за тренер на месецот во Премиер лигата.

Тимот од Клоп победи на сите три натпревари во Премир лигата во септември, и тоа против Њукасл, Челзи и Шефилд Јунајтед.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Сезоната се развива совршено за Ливерпул досега. Европскиот шампион има 17 последователни победи во Премиер лиата и во моментов има осум бода предност пред шампионот Манчестер Сити.

Наградата „Играч на месецот“ ја доби напаѓачот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг, кој постигна пет гола на четири натпревари за тимот од Лондон минатиот месец.

Од почетокот на сезоната Габонецот има вкупно седум гола и е само на еден гол од најдобрите стрелци, Тами Абрахам и Серхио Агуеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Миле Свилар ја напушта Рома за да го зајакне италијанскиот гигант!

Како што пренесуваат италијанските медиуми, голманот на Рома Миле Свилар, кој оваа сезона …