Дома Фудбал Англија Клоп: Имаме се што е потребно за да бидеме шампиони!

Клоп: Имаме се што е потребно за да бидеме шампиони!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп во опширно интервју за англиските медиуми потврди дека неговиот тим е спремен за титула во Премиер лигата, и ја исклучи можноста да се пресели да работи во Кина.

Не треба да размислуваме за претходните 25 години. Ние сме сега тука, ние сме генерацијата на сегашноста и доволно сме добри за да бидеме шампиони. Овој клуб е доволно голем, играчите се доволно квалитетни, ајде сите заедно да сториме се што можеме за постот да биде прекинат“, изјави Клоп.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Имаме сопственици какви што ни се потребни, бидејки тие не мора да ги продаваат играчите. Од нашиот клуб никој не мора да замине поради пари. Не сме клуб кој најдобро ги плаќа играчите, но можеме да им платиме доволно за да останат. Во овој момент Ливерпул е одличен и мора тоа да го искористиме. Иднината е светла, па ајде да се обидеме да ја освоиме титулата“, додаде Германецот кој на крајот исклучи заминување во Кина.

„Штом некој играч сака да оди во Кина тоа значи дека се приближува до крајот на неговата кариера. Кинеското првенство не е место каде што некој играч би сакал да оди. И единствениот начин да се намамат играчите да отидат таму е со пари. Кина не е опција за мене. Можеби за одмор, но за да ја продолжам кариерата таму – апсурдно“, заклучи Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…