Дома Фудбал Англија Клоп изненаден зошто немало понуди за Ориги: Луѓето изгледа не гледаат доволно фудбал

Клоп изненаден зошто немало понуди за Ориги: Луѓето изгледа не гледаат доволно фудбал

Дивок Ориги вчера беше стартер против Милан и асистираше во еден од головите на „црвените“ кои славеа со 3:2.

Ливерпул во летниот преоден рок очекуваше да го продаде Ориги, меѓутоа никој клуб не испратил доволно добра понуда. Клоп е изненаден што за Ориги имало слаб интерес.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Луѓето забораваат колку е тешко да се влезе во еден тим. Во летниот преоден рок очекувавме добра понуда, но изгледа луѓето не гледаат доволно фудбал. Ориги е еден одличен напаѓач кој против Милан одигра одлично. Можеше да замине и во текот на летото, но како да се заборава колку е тој добар“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бруно Фернандеш откри што треба да направи Манчестер Јунајтед за да го задржи

Капитенот на „црвените ѓаволи“ Бруно Фернандеш откри што очекува од клубот за да биде убед…