Дома Фудбал Клоп збесна на прес-конференцијата: Чија е оваа идеја?

Клоп збесна на прес-конференцијата: Чија е оваа идеја?

Фудбалерите на Ливерпул беа поразени со 2:3 на гостувањето во Тулуз и со тоа ги загубија првите бодови во оваа сезона во Лига Европа.

Тулуз го изненади Ливерпул пред своите навивачи совладувајќи го со головите на Арон Донум, Тијс Далинга и Франк Магри, додека Кристијан Касерес (автогол) и Диого Жота погодија за поразениот англиски тим.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По натпреварот се одржа прес-конференција, а на неа бесен беше тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Англиските медиуми пишуваат дека прес-конференцијата се одржала во шатор и дека, славејќи ја победата на својот тим, ја прекинале навивачите на Тулуз.

Клоп и новинарите мораа да се пробијат низ нив за да стигнат дури и до местото каде што ќе ја одржат конференцијата, а додека траеше се слушаше навивачки песни на навивачите на домашната екипа.

Никој од нив не влезе на пресот, но Клоп не можеше да остане смирен.

„Чија беше идејата да се одржи прес-конференција овде? Тоа е интересно прашање. Вау“, изјави Клоп, за кој англиските медиуми објавија дека е фрустриран од исходот на мечот во кој неговиот тим имаше 72 проценти посед на топката и вкупно 19 шутеви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер со гол во 90. минута го победи Јувентус, дербиото го обележа контроверзен црвен картон (Видео)

Фудбалерите на Интер и Јувентус одиграа вистински спектакл во дербито од 25. коло на Сериј…