Дома Фудбал Англија Клоп за ситуацијата со снегот: Немаше доволно вработени во клубот, следниот пат нема да има проблем

Клоп за ситуацијата со снегот: Немаше доволно вработени во клубот, следниот пат нема да има проблем

Медиумите во Англија се сомневаа во фер-плејот на тренерот на Ливерпул, а сега Клоп и самиот се огласи во медиумите.

Изминатото коло во Премиер лигата беше обележан со киксовите на Манчестер Сити и Њукасл.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Ливерпул кој играше еден ден подоцна не го искористи киксот на „граѓаните“ и одигра само 1:1 со Лестер на „Енфилд“.

Меѓутоа она што го забележаа Британците е што во второто полувреме само еден дел од теренот беше исчистен и тоа оној каде што напаѓаат „црвените“.

На оваа тема во медиумите зборуваше самиот Клоп.

„Сите ја видовме ситуацијата, уште на загревањето кога почна да паѓа снег. Во првото полувреме имавме посед на топка од 80%, па можам да кажам дека снегот повеќе ни сметаше на нас. Вработените во клубот се обидоа да го исчистат, но едноставно не беа во доволен број. Никогаш не славам кога другиот тим ќе изгуби. Секако дека не им кажав на луѓето да ја исчистат само едната половина. Следниот пат кога ќе се појави ваква ситуација ќе имаме доволно луѓе за да го исчистат целиот терен“, заврши Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Виктор Осимен со изборот на новиот клуб ќе го “замрзне” Неапол

Виктор Осимен е во сензационална форма за Галатасарај оваа сезона за време на неговото отс…