Ливерпул во летниот преоден рок го донесе бразилскиот репрезентативец голман, Алисон Бекер за кого плати, тогаш рекордни, 75 милиони евра.
Менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп сега откри нови детали од трансферот и потврди дека за малку ќе се откажел од Алисон поради Кариус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога го купивме Алисон, на Кариус не му го кажав тоа што сакаше да го слушне, но во фудбалот така стојат работите. Финалето во Лигата на шампионите нема никаква врска со овој наш потег. Дури и ако ја освоевме Лигата на шампионите, ќе го купевме Алисон ако беше на продажба“, истакна Клоп.
„Морам да признаам дека една работа за малку ќе ме натераше да не го купам Алисон. Начинот на кој луѓето негативно реагираа за Кариус по финалето, начинот на кој се обидоа да го изолираат, за малку не ме натера да се откажам од Алисон и да останам само со Лорис. Но, во фудбалот морате да бидете професионални, наша цел е да ги имаме најдобрите играчи на секоја позиција. Има полоши работи од грешките на Кариус во финалето, треба сите да го знаат тоа“, додаде Германецот.