Дома Фудбал Англија Клоп за иднината на Салах: Тој тука се чуствува како дома

Клоп за иднината на Салах: Тој тука се чуствува како дома

Без никакви дилеми Мохамед Салах е помеѓу најдобрите фудбалери во светот.

Египќанецот игра навистина чудесно во дресот на Ливерпул оваа сезона и интерес за неговите услуги, според странските медиуми покажаа Пари Сен Жермен и Реал Мадрид.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Меѓутоа менаџерот на клубот од „Енфилд“, Јирген Клоп со последната изјава ги смири навивачите.

„Знам дека Мо тука се чуствува како дома. Знае дека околу него ја градиме играта и не сум загрижен поради приказните кои кружат“, изјави Клоп и така веројатно потврди дека Салах и наредната сезона ќе биде играч на „црвените“.

Наводно ПСЖ и Реал се спремни да издвојат огромни суми и да го направат Салах најскап фудбалер на сите времиња.

Салах оваа сезона настапи на 44 натпревари за Ливерпул и има учинок од 39 голови и 13 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чаби Алонсо отворено зборуваше за проблемите во тимот

Чаби Алонсо, тренерот на Реал Мадрид, одржа прес-конференција пред утрешниот натпревар што…