Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп застана на страната на својот најдобар играч Мохамед Салах на денешната конференција за новинари.
Салах е во блага голгетерска криза, бијдеќи нема постигнато погодок на последните три натпревари, но Клоп застана во негова одбрана.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
„Нормално дека сите од него очекуваат исто како претходната сезона. Ние тоа не го очекуваме. Колку голови постигна во првите шест натпревари минатата сезона? Три. А на првите шест оваа сезона постигна два. Оу, каква криза! На него му требаше малку време претходната сезона, како што на сите нас ни треба. И оваа сезона одлучи да земе малку време.“ – изјави Клоп.
Да потсетиме, Ливерпул до сега оствари пет од пет на стартото од сезоната во ПЛ, а во наредното коло се среќава со Саутемптон.