Екипата од „Енфилд“ веќе со месеци ги одбива богатите понудите од Барселона за нивниот најдобар играч, Филипе Кутињо.
Последната за која се пишуваше изнесуваше 130 милиони фунти, па така на управата на Ливерпул им е се потешко и потешко, но и се поизвесно дека ќе остане без својот најдобар играч. Меѓутоа, ниту Јирген Клоп не мирува, па веќе одбра засилување во случај Кутињо да си замине. Како што пишуваат „Diario Gol“ и „Daily Mirror“, Ливерпул со парите од Кутињо ќе се обиде да го купи Матео Ковачиќ.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Наводно, меѓу хрватскиот репрезентативец и клубот е постигнат устен договор. Со оглед на тоа дека Ковачиќ не ужива голема доверба кај Зидан, со задоволство би се преселил во клуб каде што редовно би играл и би бил стартер.
До крајот на трансфер периодот останува уште малку време, па епилогот ќе го видиме за многу брзо време.