Дома Фудбал Англија Клоп го стопираше трансферот на играчот на Ливерпул

Клоп го стопираше трансферот на играчот на Ливерпул

Ливерпул очигледно во своите редови, освен сите познати ѕвезди има и неколку доста талентирани играчи.

Еден од оние кои добија шанса во првиот тим е и 18-годишниот Рафаел Камачо, кој во понеделникот заигра на натпреварот во ФА Купот против Волвс.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Наводно младиот Португалец оваа зима требаше да биде испратен на позајмица во Спортинг Лисабон, но според британските медиуми, тренерот Јирген Клоп го стопирал трансферот.

Иако Камачо на позајмица требаше да помине шест месеци, Клоп смета дека овој млад фудбалер може да му помогне во останатиот дел од сезоната.

Природна позиција на Камачо е централен везен играч, но добро се снаоѓа и на бековските позиции, па така против Волвс играше на позицијата десен бек.

Токму поради фактот што Камачо може да ја покрие таа позиција, а Клајн ја напушти екипата и замина на позајмица во Борнмут, Клоп реши да го задржи младиот Португалец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси веќе се договорил со еден напаѓач- проблем е Борусија!

Играчот на Борусија Дортмунд, Џејми Гитенс, е на радарот на Челзи. Лондонскиот клуб веќе г…