Дома Фудбал Англија Клоп го „пецна“ Солскјер: Чудно е што Јунајтед игра на таков начин

Клоп го „пецна“ Солскјер: Чудно е што Јунајтед игра на таков начин

Во недела на програмата е големото дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед, а тренерите веќе ја започнаа психолошката „војна“.

Јунајтед е единствен тим кој успеа да му земе бодови на Ливерпул оваа сезона, па Солскјер истакна дека е горд на тој меч и на одбраната на неговиот тим.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Клоп на пресконференцијата му одговори на својот колега и истакна дека е лудно тим со толку квалитетни фудбалери да играат така дефанзивен фудбал.

„Чудно е кога играш со висококвалитетен тим, каков што е Јунајтед, и тие играат на тој начин. Не знам дали сум кажал дека Јунајтед секогаш се бранат, но најверојатно е така, бидејќи тоа е вистината. Истото беше со Тотенхем минатата недела. Тие не играат само со контранапади, но тоа е главното оружје. По 70 минути имавме 80%  посед со Тотенхем и тоа не е нормално. Не знам како луѓето го сфаќаат ова, ако сакаат да го видат како критика, не можам да го променам тоа“, истакна Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал го плати 70.000.000, а тој се појави со часовник од 23 евра и ги воодушеви навивачите

Додека фудбалските ѕвезди ширум светот трошат милиони на луксузни часовници и автомобили, …