Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ги коментираше зборовите на неговиот колега, Пеп Гвардиола, кој рече дека титулата во Премиер лигата е поважна од Лигата на шампионите.
Манчестер Сити оваа сезона освои три титули во Англија и го победи токму Ливерпул во трката за титулата во Премиер лигата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, „црвените“ стигнаа до финалето во Лигата на шампиони и имаат шанса да го освојат највредниот фудалски трофеј.
На неколку дена пред финалето, Јирген Клоп не пропушти шанса да го „пецне“ својот колега и голем ривал.
„Гвардиола мора да каже дека титулата во Премиерлигата му е поважна бидејќи со години нема играно финале. Тој е најдобриот тренер во светот и ги заслужува сите пофалби кои ги добива… Јас сега можам да ви кажам дека Лигата на шампионите е поважна бидејќи се уште можам да го освојам овој трофеј, битката во Премиерлигата веќе ја загубивме, Манчестер Сити беше пдобар тим“, истакна Клоп.