Дома Фудбал Англија Клоп го „пецна“ Гвардиола: Одамна не стигнал до финале во ЛШ

Клоп го „пецна“ Гвардиола: Одамна не стигнал до финале во ЛШ

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ги коментираше зборовите на неговиот колега, Пеп Гвардиола, кој рече дека титулата во Премиер лигата е поважна од Лигата на шампионите.

Манчестер Сити оваа сезона освои три титули во Англија и го победи токму Ливерпул во трката за титулата во Премиер лигата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Меѓутоа, „црвените“ стигнаа до финалето во Лигата на шампиони и имаат шанса да го освојат највредниот фудалски трофеј.

На неколку дена пред финалето, Јирген Клоп не пропушти шанса да го „пецне“ својот колега и голем ривал.

Гвардиола мора да каже дека титулата во Премиерлигата му е поважна бидејќи со години нема играно финале. Тој е најдобриот тренер во светот и ги заслужува сите пофалби кои ги добива… Јас сега можам да ви кажам дека Лигата на шампионите е поважна бидејќи се уште можам да го освојам овој трофеј, битката во Премиерлигата веќе ја загубивме, Манчестер Сити беше пдобар тим“, истакна Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …