Дома Трансфер зона Клоп го договори првото летно засилување

Клоп го договори првото летно засилување

Англиските медиуми се сигурни дека првото засилување на Ливерпул ова лето ќе биде дефанзивецот на Лајпциг, Ибрахима Конате.

Според англиските медиуми Ливерпул ќе ја плати откупната клаузула за 21-годишниот Французин, која изнесува 35 милиони евра.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Конате веќе ги минал лекарските прегледи и ставил потпис на 5-годишен договор.

Клоп беше во потрага по дефанзивец кој ќе може да го замени повредениот Ван Дајк, но исто така во иднина да биде и негов партнер во дефанзивната линија.

Интерес за Конате покажуваа уште Арсенал, Тотенхем и Барселона, но „црвените“ успеаа да ја победат конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…