Јирген Клоп е во големи проблеми. Еден од најдобрите играчи во тимот се повреди за време на обврските во дресот на својата репрезентација.
Имено, станува збор за Енди Робертсон кој го повреди рамото по еден дуел со Унаи Симон на натпреварот меѓу Шпанија и Шкотска.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Во пресрет на големото дерби со Евертон, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп потврди дека Робертсон подолго време ќе биде надвор од терените.
Според англиските медиуми, Робертсон ќе биде надвор од терените до 2024 година, а веќе се подготвени три замени за него.
Така, сега прв избор ќе биде левиот бек од Грција, Костас Цимикас, а против Евертон ќе игра од првата минута.
Младите Лук Чемберс и Калум Сканлон исто така ќе бидат промовирани во првиот тим бидејќи Клоп сака да додаде ширина на тимот.
Дополнително, се зборува дека шанса на лев бек би можел да добие и Џо Гомез, фудбалер кој е стопер, а порано играше на позицијата десен бек.
„Разговарајќи со повеќето лекари, сите тие сметаат дека операцијата е најдоброто нешто за него. Особено ако гледаме на долг рок.
Може многу брзо да се врати на тренинзите, но не и на тренинзите специфични за фудбалот“, изјави Клоп.