Дома Фудбал Англија Клоп: Во ноември и декември не се освојува титулата, но може да се изгуби

Клоп: Во ноември и декември не се освојува титулата, но може да се изгуби

Во Премиер лигата викендов ќе се игра 15. коло, а во него Ливерпул го чека гостување против Вулверхемптон.

На прес-конференцијата пред овој натпревар, тренерот Јирген Клоп зборуваше за моменталната ситуација во која се наоѓа неговиот тим и како тие се справуваат со притисокот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Неверојатно е колку треба да си добар за да победиш во лигата. Ова е првенство на највисоко ниво. Не можеш да освоиш титула во ноември и декември, но тука можеш да ја изгубиш. Битката секогаш е возбудлива. До крајот има уште многу натпревари, па затоа сме фокусирани на секој следен“.

Во следните 28 дена Ливерпул ќе одигра девет натпревари.

„Се навикнавме на таков распоред. Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата на средина или на крајот на декември, тоа било лудило и секогаш ќе биде. Пред крајот на декември тука секогаш е тешко“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Крај на приказната: Легендарниот Жозе Алдо ја заврши кариерата (Видео)

Легендарниот борец Жозе Алдо повторно ги остави ракавиците. Еден од најголемите борци во и…