Дома Фудбал Англија Клоп: Ако не бевме ние, Сити ќе беше шампион уште во февруари

Клоп: Ако не бевме ние, Сити ќе беше шампион уште во февруари

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го коментираше големото ривалство со Манчестер Сити во последните неколку сезони.

Според Германецот „црвените“ се единствен вистински конкурент на „граѓаните“, кои во спротивно ќе ја освоеле титулата уште во февруари.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Нема сомнеж дека ова е најсилното првенство во светот, но ние уживаме во ривалството и предизвикот. Ако не бевме ние последните две-три сезони, Сити ќе беше шампион уште во февруари, иако тоа ќе важеше и за нас во спротивната ситуација“.

„Сити е најсилниот противник со кого сум се среќавал, но не би рекол дека ми беше многу полесно кога се среќавав со Гвардиола во периодот кога тој го водеше Баерн Минхен.Има уште многу натпревари до крајот, останува да видиме што ќе се случува сезонава“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ќерката на легендарниот фудбалер е вистинска „бомба: На 19 години веќе заработува богатство!

Ќерката на славниот италијански фудбалер Франческо Тоти сè повеќе го привлекува вниманието…