Дома Останати Кошарка НБА Клиперси водат против Далас, Дончиќ стигна до трипл-дабл па се повреди ?

Клиперси водат против Далас, Дончиќ стигна до трипл-дабл па се повреди ?

Лука Дончиќ го повреди скочниот зглоб во третата четвртина и не го заврши натпреварот против ЛА Клиперси, а неговите соиграчи не успеаа да го свртат натпреварот.

Клиперси славеа против Далас со 130:122 и така поведоа со 2:1 во серијата. Дончиќ се обиде да го продолжи натпреварот сепак не можеше. И покрај повредата тој за времето кое го помина на паркетот успеа да оствари трипл-дабл со 13 поени, 10 скока и 10 асистенции. Со овој трипл-дабл тој стана третиот најмлад играч со ваков учинок по Меџик Џонсон и Леброн Џејмс.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Каваи Ленард беше најефикасен кај Клиперси со 36 поени, 9 скока и 8 асистенции, а на другата страна Порзингис запиша 34 поени и 13 скока.

Во останатите натпревари Јута го декласираше Денвер со 124:87 за водство од 2:1, Бостон ја совлада Филаделфија со 102:94 и веќе има 3:0, а до оваа предност во серијата дојде и Торонто славејќи против Бруклин со 117:92.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…