Дома Трансфер зона Клаузулата преполовена – ова е веќе најава за нов голем трансфер!

Клаузулата преполовена – ова е веќе најава за нов голем трансфер!

Антоан Гризман ова лето остана во Атлетико Мадрид, најмногу поради солидарност кон клубот кој не можеше да прави нови трансфери, но најверојатно ја игра последната сезона во овој клуб.

Гризман поради лојалност према Атлетико Мадрид не замина ова лето и го продолжи договорот со „јорганџиите“ во кој има клаузула од 200 милиони евра.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Сепак, шпанските медиуми тврдат дека таа клаузула важи само за ова лето, а откако заврши преодниот рок истата ќе биде преполовена.

Тоа значи дека следното лето Гризман ќе биде достапен за 100 милиони евра, а со оглед на актуелните цени, тоа нема да биде проблем за богатите клубови.

Иако за него силен интерес покажуваат Барселона и ПСЖ, сепак медиумите тврдат дека Гризман приоритет ќе му даде на Манчестер Јунајтед, каде требаше да се пресели ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…