Дома Фудбал Лига на шампиони Клатенбург за пеналот на Бернабеу: Барањата на Јувентус се смешни!

Клатенбург за пеналот на Бернабеу: Барањата на Јувентус се смешни!

Еден од најпознатите и најдобри англиски арбитри Марк Клатенбург, кој моментално работи во судиската организација на Саудиска Арабија, даде објаснување за пеналот на „Сантиаго Бернабеу“.

Очекувано, Клатенбург застана во одбрана на својот колега Оливер, а барањата на Јувентус ги окарактеризира како „смешни“.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Дуелот на Бенатиа со Васкез е пенал. Мајкл од свој агол виде благо туркање од страна на Бенатиа, но имаше и помош од другиот судија кој стоеше пред голот. Од негов агол, другиот судија можеше да види како ногата на Бенатиа се движи околу телото на Васкез. Оливер не му даде црвен картон на Бенатиа, што укажува на тоа дека тој мислел дека намерата на стоперот била да ја дофати топката. Тоа беше ненамерен прекршок, но беше прекршок“, истакна Клатенбург,а потоа ја коментираша изјавата на Буфон.

„Одлуката да го исклучи Буфон е исто така исправна на судијата, Некои луѓе од Јувентус сметаат дека Оливер морал да ги земе во обзир судиските одлуки од првиот меч, а тоа е смешно“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арсенал не успеа со Вилијамс поради рекордни барања, Артета се сврте кон дуо од 125 милиони евра

„Топчиите“ ова лето сакаа да ги зајакнат своите редови со одличниот Нико Вилијамс, но како…