Лукас Подолски во еден период од својата кариера беше во врвот на европскиот фудбал носејќи го дресот на Баерн Минхен и Арсенал. Денес втора година е дел од полскиот шампионат.
Во овој момент Подолски има 37 години и е далеку од очите на пошироката европска јавност. Сепак и понатаму на моменти го покажува својот квалитет.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кон крајот на минатата година во ноември за својот Горник Забрзе постигне гол од 60-тина метри, а сега со еден проектил донесе победа од 3:2. Губеше тимот на Подолски со 0:2 на полувремето, меѓутоа на крајот славеше победа. Покрај голот од слободен удар, Подолски постигна и уште еден.
W tym meczu było wszystko! 😍#GÓRWPŁ 3:2 pic.twitter.com/dwHMUOJBJ9
— PKO BP Ekstraklasa (@_Ekstraklasa_) March 17, 2023