Дома Видео Класата е вечна: Анри прецизен и на паркет (Видео)

Класата е вечна: Анри прецизен и на паркет (Видео)

Легендарниот Французин, Тиери Анти потсети зошто беше еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот.

Легендата на Арсенал денес е во пензија, а на дуелот од НБА Африка покажа дека не заборавил да биде прецизен.

Ги импресионираше сите. Од центарот на теренот, ја шутна кошаркарската топка и го погоди обрачот.

Анри во својата кариера одигра повеќе од 750 натпревари и при тоа заби 353 погодоци, запишани со 136 асистенции. Овој напаѓач во кариерата настапуваше за Монако, Јувентус, Арсенал и Барселона, а последните играчки денови ги мина во МЛС лигата играјќи за Њу Јорк Ред Булс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Гаштаров: Сонував за овој момент од дете!

Матеј Гаштаров кој е еден од дебитантите во националниот тим пред дуелот со Швајцарија збо…