Дома Фудбал Кладилниците секогаш знаат повеќе: Кој е фаворит за нов тренер на Реал Мадрид?

Кладилниците секогаш знаат повеќе: Кој е фаворит за нов тренер на Реал Мадрид?

Зинедин Зидан веројатно следната сезона нема да го предводи Реал Мадрид.

Лошите резултати во оваа сезона ја загрозија позицијата на Зидан и многу веројатно е дека францускиот стручњак ќе го напушти клубот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Шпанските медиуми веќе лицитираат со имиња за негов наследник, а според кладилниците најголем фаворит е Масимилијано Алегри.

Коефициентот за италијанскиот стручњак е 4.00, а зад него се два поранешни играчи на Реал Мадрид.

Тоа се Раул и Гути. Првиот е со коефициент од 5.00 додека за Гути изнесува 7.00.

Алегри веќе наводно ја одбил Рома поради Реал Мадрид и лесно може да се случи искусниот Италијанец да седне на кормилото на Кралевите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…