Дома Фудбал Репрезентации Кирил Изов го објави списокот: Без Андонова во двомечот со Северна Ирска

Кирил Изов го објави списокот: Без Андонова во двомечот со Северна Ирска

Женската А репрезентација на Македонија ги продолжува европските квалификации за пласман на Светското првенство што ќе се одигра во Австралија и Нов Зеланд 2023 година.

Нашата селекција ја очекуваат два меча со Северна Ирска во рамки на групата Д од квалификациискиот циклус.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првиот дуел против Северна Ирска го играме на 25. ноември на тренинг центарот „Петар Милошевски“, додека вториот натпревар помеѓу двете селекции во Белфаст е закажан на 29. ноември.

Селекторот Кирил Изов за двомечот со Северна Ирска ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Верица Колевска (Скопје 2014), Кристина Павловска (Деспина);

Одбрана: Ане Бошевска (Тиверија), Теодора Ѓорѓиевска (Борец), Викторија Недева (Тиверија), Елена Панеска (Каменица Саса), Катерина Милеска (Деспина), Христина Јошевска (Каменица Саса), Ана Милчевска (С.Ц. Истатов), Јулија Живиќ (Љуботен), Сара Коларовска (Скопје 2014);

Среден ред: Елма Шемсовиќ (Борец), Сара Велкова (Тиверија), Александра Марковска (Скопје 2014), Сара Хусеин (Љуботен), Елена Петровска (Скопје 2014), Хава Мустафа (Шкендија);

Напад: Афродита Салихи (Шкендија), Радица Чонева (Истатов), Кристина Петрушевска (Истатов), Јилза Максути (Асс Јунајтед), Теродора Јанковска (Деспина);

Во групата Д од квалификациите за пласман на СП, Македонија се наоѓа на петтото место со 3 освоени бодови. Северна Ирска со 7 бодови е на третата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…