Италијанските медиуми пренесуваат дека кинеските сопственици на Интер спремиле трансфер буџет од 200 милиони евра и сакаат да направат шампионски тим кој ќе се бори за Скудетото.
„Кориере дело спорт“ тврди дека раководството е задоволно од работата на Стефано Пиоли, кој сигурно ќе остане на тренерското столче и следната сезона.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Пиоли веќе го составува тимот за следната сезона. Првите засилувања треба да пристигнат во одбраната, Рикардо Родригез е на прагот на „Џузепе Меаца“, а сигурно ќе пристигне и еден стопер. Првата мета е Костас Манолас од Рома, а како алтернатива се споменува Де Вриј од Лацио.
„Сунинг“ спремил и буџет од околу 80 милиони евра и за една голема ѕвезда, а најголемата желба е Марко Верати од ПСЖ. „Нероаѕурите“ се спремни да го жртвуваат Брозовиќ и на негово место да го донесат Верати бидејќи веруваат дека со Италијанецот тимот ќе направи „салто во квалитет“.
На крилните позиции сигурно ќе пристигне едно големо засилување, Берарди или Бернардески, а како алтернатива за Икарди во нападот се споменува младиот напаѓач на Аталанта, Андреа Петања.
На позицијата десен бек најверојатно ќе пристигне Матео Дармијан од Манчестер Јунајтед, а за сите овие засилувања раководството веќе има буџет од 200 милиони евра.