Семејството Жанг демантираше дека Интер кој е во нивна сопственост е на продажба, но сепак сега пристигнуваат нови информации.
Имено, Кинезите го купија Интер преку нивната компанија „Сунинг“, а сега поради пандемијата со коронавирусот тие трпат огромни загуби. Според најновите информации во италијанските медиуми Кинезите преговараат за продажба на клубот на инвестицискиот фонд „БЦ партнерс“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се проценува дека новите сопственици би платиле сума помеѓу 400 и 500 милиони евра.
Најголемата причина поради која Жанг го продава Интер се загубите, тие изгубиле повеќе од 153 милиони евра, а долгот се зголемил за 47%. Од друга страна „БЦ партнерс“ често пати купува фирми кои се во загуба и ги прави профитабилни.