Дома Фудбал Англија Кина ја забрани Премиер лигата поради Украина

Кина ја забрани Премиер лигата поради Украина

Кина го запира емитувањето на натпреварите од англиската Премиер лига овој викенд, а причината се најавените активности за солидарност на Украина на сите натпревари.

Од Премиер лигата објавија дека „целосно се против воената инвазија на Русија“ и дека „се залагаат за мир во Украина и жалат за сите настрадани во војната“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Викендов капитените на сите тимови ќе носат специјални ленти со боите на украинското знаме, а на стадионите ќе има натписи со поддржка за Украина.

Владата на Кинао очигледно не сака да се емитуваат такви кадри во нивната држава. Поради тоа тие ја известиле Премиер лигата дека овој викенд ќе запрат со емитувањето на натпреварите во Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Татко му е легенда на Бразил, тој ќе игра за Англија

Малиот син на легендарниот бразилски дефанзивец Тијаго Силва – Јаго Силва, доби прв …