Дома Фудбал Германија Кимих призна: Ако не си заминеше Анчелоти од Баерн, јас ќе си заминев

Кимих призна: Ако не си заминеше Анчелоти од Баерн, јас ќе си заминев

Фудбалерот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих откри дека во сезоната 2016/2017 размислувал да си замине од Баерн Минхен затоа што не бил во прв план кај Карло Анчелоти кој во тој период го водеше Баерн.

Кимих во Баерн е од 2015 година, но кога Анчелоти беше тренер на Баерн тој не беше стандарден. Сега призна дека во тој период размислувал да си замине.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не играв колку што сакам и размислував да заминам. Меѓутоа тогаш си замина Анчелоти, ако не си заминеше тој ќе си заминев јас. Кога си замина повторно станав стандарден првотиме, освоивме се и повеќе не размислував на заминување“, изјави Кимих.

Сениорската кариера Кимих ја започна во редовите на Лајпциг во 2013 година, а Баерн е само неговиот втор тим, актуелниот договор му важи до 2025 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…