Дома Фудбал Германија Кимих по стапките на Алаба, бара огромно зголемување на платата

Кимих по стапките на Алаба, бара огромно зголемување на платата

Давид Алаба од Баерн Минхен бараше големо зголемување на платата, па двете страни не се договорија и Австриецот на лето ќе го напушти клубот како слободен агент.

Германските медиуми пренесуваат дека по неговите стапки може да тргне и Џожуа Кимих, кој бара големо зголемување на платата за да стави потпис на нов договор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


26-годишниот германски репрезентативец има договор до 2023 година, но во последно време се етаблираше во еден од клучните фудбалери во тимот.

Кимих сака долго да остане во Баерн, но да биде меѓу 5-те најплатени фудбалери во тимот заедно со Левандовски, Милер, Ноер и Сане.

„Билд“ пренесува дека преговорите помеѓу двете страни ќе бида долги, но Баерн не се брза бидејќи договорот од Кимих истекува по две години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Стигнаа вести за Кристијано Роналдо кои никој не сакаше да ги чуе

Кристијано Роналдо во моментот го носи дресот на саудискиот Ал Наср и договорот со овој кл…