Дома Фудбал Кике Сетиен повторно испиша историја: Ова не му успеало на никој друг сезонава

Кике Сетиен повторно испиша историја: Ова не му успеало на никој друг сезонава

Фудбалерите на Виљареал приредија изненадување во Ла Лига откако вчера во Мадрид го победија Реал со 2:3. Тренерот на „жолтата подморница“, Кике Сетиен така направи вистински подвиг.

Виљареал го победи Реал и во првиот натпревар на својот стадион на 7-ми јануари, тогаш резултатот беше 2:1. Сетиен така стана единствениот тренер во Ла Лига кој сезонава освоил шест бода против „кралевите“.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Освен тоа Сетиен држи и уште еден интересен рекорд од сезоната 2018/2019. Тогаш тој стана единствениот тренер кој во една сезона ги победил Барселона и Реал Мадрид на гостински терен. Барселона со својот Бетис ја победи со 4:3, додека против Реал славеше со 2:0.

Сетиен очигледно знае како се игра против најголемите шпански клубови, Бетис успеа да го одведе во Европа, а сега со Виљареал е во борба за место во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија и да ги загуби сите натпревари до крајот на ова лето – одлично ќе заработи!

Екипата на Шкендија синоќа со голема доза на борбеност и преку продолженија славеше со 2-1…