Еден од најпознатите германски медиуми, Кикер, денес го обвини каталонскиот гигант дека тие се причината поради која фудбалерот на Борусија Дортмунд го пропушти денешниот тренинг.
Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Осман Дембеле, инсистира на трансфер во Барселона, додека „милионерите“ се обидуваат на сите начини да го задржат во своите редови.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Дембеле го пропушти денешниот тренинг на „милионерите“, а од германскиот клуб денес истакнаа дека не знаат што се случува со нивниот фудбалер и дека немаат информација зошто тој не се појавил на денешниот тренинг.
Германски „Кикер“ денес излезе со обвинување кон каталонците дека тие го убедиле Дембеле да го пропушти денешниот тренинг со цел Борусија полесно да се откаже од неговите услуги.
Да потсетиме, Барселона испрати понуда од 100 милиони евра и плус 20 како бонуси, додека Германците бараат 150 милиони евра за услугите на нивниот фудбалер.