Дома Фудбал Италија Киелини ја изненади цела Италија со гласовите за најдобар тренер!

Киелини ја изненади цела Италија со гласовите за најдобар тренер!

Капитенот на Италија и Јувентус, Џорџо Киелини предизвика големи дискусии со гласањето за наградите на ФИФА.

Во категоријата тренери, за најдобар беше избран Дидие Дешамп, а кога ФИФА ја објави листата со гласови на капитените и селекторите цела Италија остана во чудо од гласовите на Киелини.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Имено, јавноста во Италија му замери затоа што ниту еден глас не му даде на својот тренер, Масимилиано Алегри. Тој пет бода му даде на Дешамп, три на Зидан и еден на Гарет Саутгејт.

Што се однесува на гласањето за најдобар фудбалер, Киелини пет бода му даде на сегашниот соиграч, Роналдо, а тоа го направи и селекторот на Италија, Роберто Манчини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…