Стоперот на Јувентус, Џорџо Киелини зборуваше за големата драма која беше видена во средата навечер во Мадрид.
Јувентус водеше со 0:3 во Мадрид и имаше резултат кој му обезбедуваше дополнителни 30 минути, но во последните секунди главниот судија Мајкл Оливер досуди пенал за Реал Мадрид кој Кристиано Роналдо го претвори во погодок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Изгледаше невозможно во таа ситуадија да досуди пенал. Да се стават рацете на некого е само момент. Ние не бевме казнети, бевме масакрирани. Штета, можеа два италијански клуба да играат во полуфиналето, тоа ќе беше одлично“.
„Сепак, горд сум што сум дел од овој голем тим. Игравме натпревар кој ќе остане во историјата и секогаш ќе се памети“, изјави Киелини кој потоа зборуваше и за црвениот картон на Буфон.
„Па, ако веќе некој требаше да биде исклучен тоа требаше да биде Бенатија, а не Буфон. Се што се случуваше немаше смисла“, заврши дефанзивецот на „старата дама“.